СОЧУВСТВО ДО СРПСКИОТ НАРОД ЗА ЖРТВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“
Со голема тага ја примивме страшната вест за убиствата во училиштето „Владислав Рибникар“.Од нашата организација и македонскиот народ ви испраќаме молитви за мир на душите, сочувство до семејствата и до целиот братски српски народ.На повредените им посакуваме успешно опоравување. Бидете силни и единствени во овие тешки моменти!Како припадници на истиот славјански род, време е да ги поставиме нашите општества на вредностите кои ги красеа нашите народи.