ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЈА ПОД ИМЕ ИЛИРИДА
Родина Македонија ги повикува судската и извршната власт во Македонија да го отфрлат барањето за регистрација на иридентистичка и претенционистичка партија која во својата платформа има зацртано окупирање и откинување на делови од територијата на Република Македонија.Го повикуваме и јавниот обвинител да покрене постапка против идеолозите и заговорниците на иридентизам и граѓанска војна во Македонија.Родина Македонија воедно ги повикува сите лидери на партии и државни функционери, вклучително и Македонците со албанско етничко потекло, јавно да се оградат и да ја осудат оваа грозоморна идеја.Ве потсетуваме дека оваа и слични идеи се поразени во XIX-от, XX-от, но и во XXI-от (2001г).Да ја осудиме и отфрлиме сите заедно поразената идеја на време, за да не мора подоцна да ја решаваме во крвава граѓанска војна.Затоа што, македонскиот народ нема да дозволи…