ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА – СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА

Новите предлог мерки предложени од страна на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, не поминаа на седница на Влада односно се одлучи дека мора да бидат инкропорирани во Закон. Овие предлог-мерки вклучуваат задолжително носење на маска и на отворен простор, со одредени исклучоци, како и забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни површини, но овој пат навлегоа и во домот, односно се предлага и забрана за одење на гости на повеќе од четири лица. Имено, во Член 8 од Уставот стои дека: „Во Република Македонија слободно е сѐ што со Уставот и Закон не е забрането“. Од ова произлегува дека треба со Закон да се забрани движење без маска на јавен простор, или пак групирањето и гостите. Член 11 вели дека: „Физичкиот и…

ПрочитајПОЛИЦИСКА ДРЖАВА – СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА

СООПШТЕНИЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО РОДИНА МАКЕДОНИЈА

До нас пристигна соопштение од седница на некаков Централниот одбор на Родина Македонија Орг, објавено на интернет адреса, која навидум треба да е Родина Македонија, а не е. (https://rodina-makedonija.org/). Симптоматично е што веб адресата воошто не е ниту македонска, туку регистрирана во странство (Лондон). Интересен момент е што Основниот Граѓански Суд (Регистрациониот суд), спротивно на неговите законски надлежности, повеќе од еден месец ја кочи промената на официјалното лице на партијата Родина Македонија, што претставува грубо мешање во внатрешните работи на партијата и директно влијае на не функционирањето на политичката партија Родина Македонија! Според Статут, официјален застапник на Родина Македонија е претседавачот на претседателството.Член 36, став 3,Претседавачот ја претставува и застапува Родина.Став 4,Претседавачот се избира од редот на членовите на претседателството.Став 5,Претседавачот има мандат од две години, а се…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО РОДИНА МАКЕДОНИЈА

ПОСТОЈАНО НОСЕЊЕ МАСКА – НАУКА ИЛИ НЕШТО ДРУГО?

Министерот Филипче и Комисијата за заразни болести доставија предлог Одлуки до Влада на Република Македонија во врска со анти-корона мерките.Покрај предлогот за забрана за групирање на повеќе од четири лица, како и забрана за одење по гости на повеќе од четири лица, друга предлог-мерка е задолжително носење маски и на отворено. Правилото не би важело при спортување, за деца до шест години и за лица кои се возат во исто возило, а живеат во исто домаќинство. Не е јасно врз основа на кои закони, препораки или медицински докази Комисијата го дава овој предлог.Оваа предлог-одлука бара два осврти: правен и медицински аспект. Правен аспект:Во Член 8 од Уставот стои дека: „Во Република Македонија слободно е сѐ што со Уставот и Закон не е забрането“. Од ова произлегува дека треба…

ПрочитајПОСТОЈАНО НОСЕЊЕ МАСКА – НАУКА ИЛИ НЕШТО ДРУГО?

ГОСТИ ДОМА – КРИВИЧНО ДЕЛО! ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

Министерот Филипче и Комисијата за заразни болести доставија предлог Одлуки до Влада на Република Македонија во врска со анти-корона мерките.Еден од предлозите е забрана за групирање на повеќе од четири лица, како и забрана за одење во посета – гости на повеќе од четири лица. Се бара од полицијата да спроведува мерки – казни доколку утврди дека на гости ви дошле повеќе од четири лица.Според Уставот на Република Македонија, кој се прашуваме дали воопшто некој го чита и почитува, полицијата смее да влегува во домовите само доколку има судски налог или основано сомнение за сторено кривично дело, но не е и да проверува колку луѓе има во стан или куќа.Исто така, според Уставот:Член 26 Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено…

ПрочитајГОСТИ ДОМА – КРИВИЧНО ДЕЛО! ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани членови, подржувачи на Родина Македонија, Сакаме да ве известиме дека во јавноста се појави интернет страна, како и групи на социјалните мрежи, под знакот и логото на Родина Македонија. Официјалната интернет страна на Родина Македонија е www.rodina.org.mk,официјалната електронска пошта го содржи домаинот rodina.org.mk,официјална фб страна: https://www.facebook.com/rodina.makedonija,официјална фб група: https://www.facebook.com/groups/rodina.makedonija Како претседателство, должност ни е да укажеме дека настанот кој е најавен како Централен одбор на Родина Македонија закажан за недела (11 октомври) во Прилеп, од страна на група незадоволни членови, денеска во добар дел и исклучени, е настан кој е организиран надвор од Статутот на Родина Македонија, позади грб на поголемиот дел од претседателството и членството на Родина Македонија. Родина Македонија од прв ден се крева како организација во која колективот е поставен многу повисоко во однос на поединечните интереси.Во…

ПрочитајОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

„ВАШАТА ЗЕМЈА“, 5Г ТЕХНОЛОГИЈА И НАТО !?

Родина Македонија е згрозена од шарлатанскиот однос на претседателот на „нашата земја“, кој како од магионичарска кутија скокна и викна: „Нашата земја“ ќе воведе 5Г технологија, тоа е нејзина обврска како членка на НАТО алијансата! Несериозноста на овој веќе очекуван налудничав чин, е потврдена со втората точка на средбата со т.н. Совет на безбедност, каде се „разгледани“ можните импликации во врска со 5Г технологијата. Ако Советот за безбедност „официјално“ прогласува, односно анализира безбедносни импликации од 5Гтехнологијата, зошто тие се држат во тајност? Зошто граѓаните да не ги знаат опасностите од истата. Какви се тие опасности? „Како членка на НАТО, „нашата земја“е обврзана стриктно да ги следи сите протоколи, при што едногласно било заклучено, дека владата и институциите мораат доследно да ги применуваат и да се придржуваат на правилата…

Прочитај„ВАШАТА ЗЕМЈА“, 5Г ТЕХНОЛОГИЈА И НАТО !?

11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Родина Македонија го чевствува и го честита 11-ти Октомври, Ден на востанието на Македонија, на родољубивиот македонски народ и лојалните граѓани. Преточено, народно и поетски опеано, ‘‘ПУКНА ПРВАТА ПУШКА во Прилеп и Куманово‘‘ , како вековен стремеж за борба, слобода, мир. За жал во предвечерјето на овој национален празник,”Ден на народното востание на македонскиот народ”, од повеќе страни ни пристигнуваат недолични ‘честитки‘ кои во целост го депласираат и го деморализираат значењето на овој светол ден во македонската историја. А воедно и целата антифашистичка ослободителна борба, како продолжение на илинденското востание и неостварениот идеал за сопствена држва на македонскиот народ наспроти, бугарските, германските, италијанските фашистички окупатори и нивните соработници преку акциони комитети, формирање на разни фашистички и националистички организации, организираното воено дејствување на балистите и други, за време на…

Прочитај11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

КУЛТОТ КОН МАЈКАТА, МАЈКАТА БОЖЈА, ОД ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА ДО БОГОРОДИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

Колумна на Елизабета Чингарова Матевска Молитва Богородице Дево, радувај се благодатна Марије, Господ е со тебе, Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, Зашто си го родила Спасителот на душите наши, Богородице Дево, радувај се благодатна, Зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји, Радувај се оти го роди, Радувај се, оти мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот, Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни, Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш, Радувај се, оти блиску си до пресвета Троица, Радувај се, Благодатна Марије, Господ е со…

ПрочитајКУЛТОТ КОН МАЈКАТА, МАЈКАТА БОЖЈА, ОД ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА ДО БОГОРОДИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

Родина Македонија ги објавува Македонските Црвени Линии со изворна Македонска Платформа 2020 околу која ќе се собере чистиот, некорумпиран и непоткуплив Македонски суверенизам и со која или со пенкало со политичка револуција на избори или од улица ќе ги урнеме предавниците и ќе ја вратиме Македонија на Македонците! Родина Македонија со ширењето на терен преку се побројни и помасовни општински комитети и собирање на врвен квалитет во 26те комисии и детална разработка на суверенистичката победничка визија со програмата Вистинскиот Македонски Пат, станува единствената организирана сила која ќе ја води борбата, и тоа токму онаму каде што корумпираните елити и нивни политички инсталации и контролирани опозиции одбиваат да ја водат: Борбата меѓу суверенизмот на слободољубивите народи на светот и глобалофашистичкото зло кое сака да ги избрише државите и границите…

ПрочитајМакедонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

ВЛАДЕЕЊЕ СО КОНСЕНЗУС, ТИРАНИЈА НА МАЛЦИНСТВОТО ВРЗ МНОЗИНСТВОТО, АПАРТХЕЈД

Родина Македонија, е згрозена од фарсата, наречена формирање нова власт во северната не‘постојбина. Сведоци сме на задкулисните игри на Калето, притисоците и уцените во кои се инсистира на превземање на надвладување на голем број на министерски места, јавни установи, државни ресурси на моќта од страна на дуи. Почесто се промовира (на некој начин и е заживеана) од почеток тивко, но сега отворено се инсистира на тн консензуална демоНкратија, односно владење.Ако некој се запраша што е тоа консензуална демократија, одговорот би бил, консензусот е групна одлука за која некои од членовите што ја донеле можат да сметаат дека не е најдобра, но со која сите можат да живеат, да ја поддржат и да се обврзат дека нема да ја поткопуваат.Но нагласуваме, за жал, се наоѓаме во постсостојба кога ние…

ПрочитајВЛАДЕЕЊЕ СО КОНСЕНЗУС, ТИРАНИЈА НА МАЛЦИНСТВОТО ВРЗ МНОЗИНСТВОТО, АПАРТХЕЈД