Македонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!
Родина Македонија ги објавува Македонските Црвени Линии со изворна Македонска Платформа 2020 околу која ќе се собере чистиот, некорумпиран и непоткуплив Македонски суверенизам и со која или со пенкало со политичка револуција на избори или од улица ќе ги урнеме предавниците и ќе ја вратиме Македонија на Македонците! Родина Македонија со ширењето на терен преку се побројни и помасовни општински комитети и собирање на врвен квалитет во 26те комисии и детална разработка на суверенистичката победничка визија со програмата Вистинскиот Македонски Пат, станува единствената организирана сила која ќе ја води борбата, и тоа токму онаму каде што корумпираните елити и нивни политички инсталации и контролирани опозиции одбиваат да ја водат: Борбата меѓу суверенизмот на слободољубивите народи на светот и глобалофашистичкото зло кое сака да ги избрише државите и границите…