НЕ СМЕАТ ДА НИ ЈА УКИНАТ И СВЕТАТА ПРИЧЕСТ!
Вештачки наметнатиот хаос со т.н. „корона вирус“, како стојат работите, нема дно. Приближно еден месец сме сведоци на нејасна борба на државата против нејасен противник. Настрана што секоја болест е проблем сам по себе и како таква носи само трагични последици. Настрана што секој свесен и совесен човек и без да е непосредно загрозен, сочувствува со страдањата на другите околу него. Тоа е морална, културна реакција на секој поединец, зашто секому од нас му е дадено чувството на припадност кон една група, заедница или идеја. Но, случувањата на кои сме денес сведоци, а кои се одвиваат на глобално (светско) ниво, го доведуваат во прашање и моралното и културното. За среќа, можеби ја имаме историската привилегија да бидеме сведоци на пропаѓањето на мрачните глобал – фашистички позиции! И, така,…