ПАСИИ ПО МАКЕДОНИЈА
Дали постои увереност дека страданиjата на Македониjа се казна Божjа? Признавам, jас не сум уверен во тоа. Така човек може длабоко да се огреши, ако смета дека сите народни или лични страданиjа се казна Божjа. Трите крста на Голгота не учат да бидеме краjно внимателни при оценката на било чие страдание и причините кои довеле до нив. На централниот од трите крста беше синот Божjи, коj великодушно ги презеде врз себе гревовите на целото човештво, а лево и десно од Него беа разапнати разбоjници и крадци, кои на таков начин ги доодуваа последните чекори од овоземскиот пат, одговараjки за своите (не)дела, сторени по сопствен избор. Тогаш... дали разапнувањето на Човекольубецот беше казна, ако се знае сето ова? Во долгиот ред на страдалници стоjат пророци, апостоли и голем броj…