БЕГАЛЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН ВО ХОТЕЛИ НА ОХРИДСКАТА РИВИЕРА, МАКЕДОНЦИТЕ РЕПРЕСИРАНИ !?
Родина Македонија повикува и на спонтано и на организирано спротивставување на сите недоследности на ‘‘власта‘‘ кои се алатка за тотално уништување на Македонија! Враќање на достоинството на Македонците!Ако пред една седмица секојдневно бевме бомбардирани од налудничавите изјави на ‘‘премиерот‘‘, за вртоглаво растечката бројка на прием на бегалци од Авганистан .Денес на големо се расправа, во кои хотели и хотелски комплекси ќе бидат сместени, господата Авганистанци!Имено, хуманизамот и добре дојдето, кон тие, кои не се Македонци во северџанија е воспоставено секојдневие од политиката, владеењето, се‘ до обичниот живот!Од ‘‘доброволниот прием ‘‘ на 180 бегалци, мажи, жени, деца кои наводно биле дел од хуманитарните организции за човекови права, новинари, цифрата растеше како на берза, на која акциите вртоглаво растат, 380, 600, 1800, зошто да не, ние сме луѓе со широко…