БУГАРСКИОТ ШОВИНИЗАМ, ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Пишува: Томче ШИРКОВ, член на Претседателството на Родина Македонија Живеејќи во сенка на легалниот терор на соседите, жртви на отвореното негирање на македонскиот народ, нација, јазик, култура од земји членки на ЕУ, станавме сведоци на стогодишниот шовинизам, дискриминација и прогон на сѐ македонско од страна на Бугарија, а по диктат на нејзините западни ментори.Имено и покрај потпишаната спогодба за „Добрососедство и меѓусебно измирување” официјална Софија продолжува и тоа сѐ пожестоко да го промовира својот став за: непостоење македонски јазик, народ и историја, т.е. според нивната наратива, сето тоа е бугарско, а ние сме некакви Словени, вештачки сплотени во нација во 1944 година.Но, тоа не е ништо ново. Всушност ваквата политика на Бугарија трае со векови, се интензивира после поделбата на Македонија во 1912 година. Жртви на бугарскиот прогон,…
