МИЦКОСКИ – БРНС
Претседателот на т.н. „опозициона“ партија ДПНЕ, Христијан Мицкоски, вчера остварил средба со новоименуваниот амбасадор во Република Македонија, Мери Брнс. На средбата, освен куртоазно лигавање и коленичење, не прочитавме дека се случило ништо друго кое би било значајно за нашата држава. Така, претседателот Мисцкоски, ги повтори веќе добро познатите прозападни позиции на ДПНЕ, со што не остава простор за била каква надеж дека оваа партија во своето долгогодишно постоење било што увидела, а уште помалку сфатила, што е тоа што навистина и се случува на Македонија и кој е изворот на целата наша неволја. Со други зборови, од ДПНЕ – никакво очекување за подобрување на состојбите во Македонија! Мицкоски, понесен од несфатливата радост дека разговара со амбасадор на една земја која е извор, креатор и спроведувач на сите злодејствија…