БЕДА НА УМОТ – -Или: умот им е беден, сеедно
Пишува: Коста Јовчевски – Корчагин, член на Претседателството на Родина Македонија „Единствена земја со која до сега не сме успеале да постигнеме спогодба е Русија.“ Така изјави претседателот на САД, Доналд Трамп. Во ненадејниот пресврт на ставот и мислењето во врска со специјалната воена операција во Украина, Трамп даде и некаков рок од 50 дена за постигнување на договор помеѓу Русија и Украина, инаку ќе било „многу лошо“ (?). Добро е што не даде рок од 40 дена зашто асоцијациите ќе беа симптоматични. Вакви зелено обоени изјави не би му прилегале ни на претседател на држава која го нема рангот на САД, а камоли на американски претседател. Или станува збор за некултивиран политичко - дипломатски играч или човеков не можел да додржи да не го каже она што…