РОДИНА МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ДО АМЕРИКАНСКИОТ НАРОД ВО ОДБРАНАТА НА НИВНИОТ СУВЕРEНИТЕТ КОЈ Е ПОД ОРГАНИЗИРАН НАПАД ОД ГЛОБАЛОФАШИСТИЧКИТЕ ТЕРОРИСТИ!
Родина Македонија со загриженост ги следи настаните во САД и изразува цврста подршка до братскиот слободољубив Американски народ во неговата борба со заедничкиот глобалофашистички анти-народен непријател. Македонскиот Народ, го има истото горчливо искуство од нападот на истите тие платенички сили финансирани од Сорос и меѓународната глобалофашистичка мрежа на Дип Стејт, со која сега се соочува и Американскиот Народ. Истото крваво разрушувачко недемократско сценарио беше применето и против Македонскиот Народ од страна на поразените сили околу Обама и Клинтон, преку тогашниот Американски амбасадор во Македонија Џес Бејли. Амбасадорот Бејли рушеше една суверена нација со пари на американскиот даночен обврзник и со пари на Сорос, со кои спонзорираше исти терористички насилни групи во Македонија како што е вашата Антифа која во моментов ја гори Америка. За ова свое недемократско однесување…