КОРОНА 19, КАКО ВИРУС И КАКО АЛАТКА ЗА ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ

Епидемиолозите ги изнесоа своите размисли за овој вирус кој го носи името Ковид 19, мутација на Корона вирус. Мерките и нивните препораки секако треба да се почитуваат.Статистиката излезе со податоците за смртност во последните неколку месеци, нема драстично зголемување на починати, се е тоа во некои „природни“ рамки. Најнеприродна е реакцијата на оваков тип на вирус со драстични мерки, карантин, затворање на граници,односно државите, стопирање на целокупната економска активност. Паниката која се крена околу овој вирус, вистински го оптерети здравствениот систем, но настаните што веќе започнаа да се случуваат во позадината на сето ова ја наговестуваат новата ера во развојот на човештвото и една од најголемите геополитички промени во историјата на планетата. Историјата сведочи за И-сторените работи, кои во последните 200 години изобилуваа со војни, оркестрирани револуции, геноциди,…

ПрочитајКОРОНА 19, КАКО ВИРУС И КАКО АЛАТКА ЗА ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ

МЕРКИТЕ ЗА ВИРУСОТ НЕ СМЕЕ ДА БИДАТ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРАЖБАТА НА РЕДОВНИ ГОДИШНИ 600 МИЛИОНИ ЕВРА И РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАВНИ ДОБРА!

Родина Македонија уште од поодамна посочи, користејќи стандардни индикатори точно на тие глобалистички финансиски институции, дека годишно од македонскиот буџет во приватни џебови се исцицуваат 680 милиони Евра. И еве токму колку годишно и треба на нелегитимната Хунта да ги покрие дупките на исцицаните преку тендери наши пари и редовно за толку и повеќе годишно ги задолжува нашите идни генерации за свој хир и гол арамиски опстанок со уште некој купен месец. Пари кои нашите деца и внуци ќе треба да ги враќаат, а пари кои нелегитимната однадвор поставен Хунта ќе ги троши на тендери за скапи странски вакцини, со кои ќе не трујат и од кои заедно ќе полнат џебови со мултинационалните корпорации чии слуги се. Причината за поставувањето на Хунтата однадвор е да го урне Македонството…

ПрочитајМЕРКИТЕ ЗА ВИРУСОТ НЕ СМЕЕ ДА БИДАТ ОПРАВДУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРАЖБАТА НА РЕДОВНИ ГОДИШНИ 600 МИЛИОНИ ЕВРА И РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАВНИ ДОБРА!

НЕСПОСОБНОСТ, КРИМИНАЛ И РЕПРЕСИИ НА НЕЛЕГИТИМНАТА АНТИУСТАВНА ВЛАСТ, ПОКРИЕНА СО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС!

Родина Македонија во последните неколку дена ги детектира и бара запирање а и кривична одговорност за следните пропусти и репресивно однесување, сега на полициската антиуставна држава Северна во која нелегитимните однадвор наметнати власти кои служат на надворешни центри ја користат кризата за доограбување на македонскиот народ и неговите јавни добра, доуништување на изворната македонска економија во корист на туѓите економски интереси. Македонско-бугарска граница. Одземање на пасоши на граница на наш народ, нивен транспорт како најголеми криминалци во полициско комбе, наредени еден до друг како сардини, во карантин кој не пости и кој нема основни услови. Во услови кога имаме мерки за држење на растојание, со овој чин директно е загрозен животот на нашите граѓани. Респиратори од Бразил. Најскапа понуда, со сомнителен квалитет и сума многу поголема од реалната. Иако…

ПрочитајНЕСПОСОБНОСТ, КРИМИНАЛ И РЕПРЕСИИ НА НЕЛЕГИТИМНАТА АНТИУСТАВНА ВЛАСТ, ПОКРИЕНА СО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС!

ВРЕМЕ Е ЗА СУВЕРЕНИЗАМ ВО ЕКОНОМИЈАТА И КВАЛИТЕТ ВО ПОЛИТИКАТА И ОПШТЕСТВОТО ВО ЦЕЛИНА

Додека корисниците на народни пари се занимаваат со последиците од сезонскиот вирус, кој овој пат природно или вештачки мутирал во Ковид - 19, стопанство е пред целосен колапс. Истоштено од децениската нефункционална држава, нелојална конкуренција, партизирана економија, како и постојаните политички кризи предизвикани од надворешни и внатрешни фактори, како и последните случувања со вонредна состојба и запирање на сите активности кои не водат кон сигурен крај на тоа што се вика економија. Економската криза не носи во друг хаос, егзистенцијален, со последици многу поголеми од сезонскиот фабрикуван вирус.Јасни ни се механизмите на темниот светски поредок за поробување на човештвото преку креирање на криза, хаос и решение, со печатење на огромни суми на хартија без покритие, кое го носат името долар. Камати кои реално ќе ги исплаќа нашиот народ…

ПрочитајВРЕМЕ Е ЗА СУВЕРЕНИЗАМ ВО ЕКОНОМИЈАТА И КВАЛИТЕТ ВО ПОЛИТИКАТА И ОПШТЕСТВОТО ВО ЦЕЛИНА

Оставка на неспособните нелегитимни однадвор поставени Северџански марионети, а не прогласување на вонредна состојба!

Родина Македонија ја повикува нелегитимната власт на „Северна“, да престане со сеењето на страв и паника помеѓу населението и да превземат одговорност за нефункционалноста на системот и да поднесат ОСТАВКА! Родина Македонија повикува на формирање на Експертска Влада, составена од докажани експерти во различни области и започнување на средување на состојбите во општеството, тргнувајќи од државниот удар „Северна“, антиуставната „Пржинска Влада“, па се до нефункционалноста на системите за справување со закани од различен тип, сезонски вируси, мигранти, контрола на границите, антиуставни и антидржавни дејствија, криминални избори итн. Македонското општество има квалитет и знаење!  Имаме експерти, имаме луѓе со домашно и со меѓународно искуство, само треба да се елеминира заостанатиот феудален партиски систем кој ревносно служи на меѓународниот западен криминален и да отвориме простор на квалитетот, знаењето, вистината и…

ПрочитајОставка на неспособните нелегитимни однадвор поставени Северџански марионети, а не прогласување на вонредна состојба!

ВЕШТАЧКИ ФАБРИКУВАНАТА ПАНИКА ЌЕ ПОМИНЕ, ОДЗЕМАЊЕТО НА СЛОБОДИТЕ Е ПЛАНИРАНО ДА ОСТАНЕ – РОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИ ТОА!

Сведоци сме на вештачки предизвикана глобална паника во врска со исто така вештачки креиран вирус - еквивалентен на варијација на грип - со цел да се забрза разврската на сегашната борба за душата и иднината на човештвото која се води меѓу силите на доброто и силите на злото. Браќа и сестри Македонци, борбата за живот и смрт се води меѓу лажната глобалистичка визија во корист на рака корумпирани луѓе, корпорации и нивните домашни купени слуги во разни држави вклучително и во Македонија, а на штета на сите нас, и, суверенистичката визија на вистинскиот глобализам на суверени, слободни и горди нации и поединци на кои припаѓаме и ние како Родина и визија која е иднината на македонскиот народ и на сите нас како слободни поединци. Родина Македонија ја гледа…

ПрочитајВЕШТАЧКИ ФАБРИКУВАНАТА ПАНИКА ЌЕ ПОМИНЕ, ОДЗЕМАЊЕТО НА СЛОБОДИТЕ Е ПЛАНИРАНО ДА ОСТАНЕ – РОДИНА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИ ТОА!

ИЗБОРНИОТ ФАЛСИФИКАТ ЗАПОЧНА ПРЕД ДА ЗАПОЧНАТ ИЗБОРИТЕ

Од вкупно 7.535 избирачи кои се пријавија за гласање од иселениците, ДИК одби 1.439 Македонци со право на глас. Фрапантниот пораст на одбиени пријави од неколку десетици до пред самиот крај на рокот за пријавување, до над 1.000 неважечки после затворањето на регистрацијата на иселениците за гласање е веќе виден механизам за елиминирање на сè што не е подобно за окупацискиот режим на „Северна“. Се поставува прашањето.Дали може да има демократски избори во услови на окупација која го носи името „Северна“?Дали може да има фер и демократски избори со косовски автобуси, бугарски возови, фантомски гласови и списоци со починати луѓе, за која самата СДС велеше дека се стотици илјади?Дали може да има фер и демократски избори со купување гласови од социјално ранливите категории?Дали може да има фер и…

ПрочитајИЗБОРНИОТ ФАЛСИФИКАТ ЗАПОЧНА ПРЕД ДА ЗАПОЧНАТ ИЗБОРИТЕ

„РЕФОРМАТОРОТ“ МИЦКОСКИ

Среќна околност за народот македонски е секако, сознанието дека во нашите македонски редови располагаме и со реформатор. Реформаторот е претседателот на партијата ВМРО – ДПМНЕ, која себе си се смета за опозициска, а во реалноста делува како фракција во редовите на СДС. Имавме можност да прочитаме од фракционерските портали дека Христијан Мицкоски се сретнал со грчкиот амбасадор во Република Македонија, Димитрис Јанакис. Во атмосфера заснована, се разбира, на традиционално пријателство, Мицкоски на грчкиот амбасадор му рекол дека Владата на ВМРО – ДПМНЕ ќе се фокусира на суштински реформи! Ова, по сè изгледа длабоко го трогнало амбасадорот, барем по изразот на неговото лице прикажано на сликата на фракционерскиот портал, а тоа, пак, му дало поттик на Мицкоски да ја елаборира својата посветеност кон реформаторскиот процес кој нè очекува (оваа…

Прочитај„РЕФОРМАТОРОТ“ МИЦКОСКИ

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА

Родина Македонија ги повикува претставниците на западната меѓународна заедница да ги превземат обврските кон „мигрантите“, кои се тука како резултат на западните воени игри и се одвиваат под превезот на ширење на демократијата. Вие како членки на НАТО, сте единствените земји во 21 век кои бомбардираат суверени земји и кои со хибридни војни рушат легитимно избрани влади од внатре.Вашата специјалност, проблемите кои ги предизвикувате да ги извезувате во трети земји, поготово Балканот, се завршени! Македонците и другите балкански народи, ќе ги почитуваат хуманите аспекти на кризата, но нема да бидат решение за вашите освојувачки политики и домаќини на стотици илјади „мигранти“, кои во голем дел се млади луѓе, без семејства, на возраст до 25 години и кои низ Европа веќе се познати по силувањата, криминалите итн…Нашата земја Република…

ПрочитајРЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА

СООПШТЕНИЕ РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Браќа и сестри Македонци! РОДИНА МАКЕДОНИЈА има чест да ве извести дека Македонскот Народ ги собра првите над 1000 основачи на единствената суверенистичка визија, стратегија и програма, и го продолжува собирањето на изјави кај нотарите до петок! Исто така РОДИНА МАКЕДОНИЈА во саботата, на високосниот/инокосниот/престапниот 29ти Фебруари 2020 го одржа своето основачко собрание и ги избра органите на партијата, Централен Одбор и Претседателство и го започна процесот на регистрација. РОДИНА МАКЕДОНИЈА за претстојните избори го потврдува својот став: РОДИНА на овие избори би учествувала единствено ако се обедини целиот неизвалкан и неинсталиран вонпарламентарен блок во широка суверенистичка платформа под бајракот на програмата на РОДИНА и во заедништво со независниот интелектуален потенцијал на нашиот народ, на начин на кој веднаш и “со пенкало” би ја срушиле Хунтата со 61 пратеник!…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ РОДИНА МАКЕДОНИЈА