-Или, кој ги убиваше македонските народни херои- Колумна: Коста Јовчевски - Корчагин, Претседавач на Советот за Родина На денешен ден, на 20 Февруари 1943 година, убиен е македонскиот револуционер и партизан, Раде Јовчевски - Корчагин. Убиен е во тајна акција на бугарската окупаторска фашистичка полиција, по извршено предавство од страна на Македонец, како што честопати се случувало низ нашата тажна историја. Корчагин бил убиен иако успеал да се пробие меѓу бугарскиот олош, убивајќи еден бугарски агент, но влегувајќи во ќорсокак, бил пресретнат од друг бугарски агент, Анто Георгиев Антов, „на кого не му беше тешко, на растојание од неколку метри, да ги испука сите куршуми во градите на Корчагин“. А, на тој фашистички олош, Анто Антов, не му било нималку мачно, за да после после извршеното убиство како…