„ВАШАТА ЗЕМЈА“, 5Г ТЕХНОЛОГИЈА И НАТО !?

Родина Македонија е згрозена од шарлатанскиот однос на претседателот на „нашата земја“, кој како од магионичарска кутија скокна и викна: „Нашата земја“ ќе воведе 5Г технологија, тоа е нејзина обврска како членка на НАТО алијансата! Несериозноста на овој веќе очекуван налудничав чин, е потврдена со втората точка на средбата со т.н. Совет на безбедност, каде се „разгледани“ можните импликации во врска со 5Г технологијата. Ако Советот за безбедност „официјално“ прогласува, односно анализира безбедносни импликации од 5Гтехнологијата, зошто тие се држат во тајност? Зошто граѓаните да не ги знаат опасностите од истата. Какви се тие опасности? „Како членка на НАТО, „нашата земја“е обврзана стриктно да ги следи сите протоколи, при што едногласно било заклучено, дека владата и институциите мораат доследно да ги применуваат и да се придржуваат на правилата…

Прочитај„ВАШАТА ЗЕМЈА“, 5Г ТЕХНОЛОГИЈА И НАТО !?

11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Родина Македонија го чевствува и го честита 11-ти Октомври, Ден на востанието на Македонија, на родољубивиот македонски народ и лојалните граѓани. Преточено, народно и поетски опеано, ‘‘ПУКНА ПРВАТА ПУШКА во Прилеп и Куманово‘‘ , како вековен стремеж за борба, слобода, мир. За жал во предвечерјето на овој национален празник,”Ден на народното востание на македонскиот народ”, од повеќе страни ни пристигнуваат недолични ‘честитки‘ кои во целост го депласираат и го деморализираат значењето на овој светол ден во македонската историја. А воедно и целата антифашистичка ослободителна борба, како продолжение на илинденското востание и неостварениот идеал за сопствена држва на македонскиот народ наспроти, бугарските, германските, италијанските фашистички окупатори и нивните соработници преку акциони комитети, формирање на разни фашистички и националистички организации, организираното воено дејствување на балистите и други, за време на…

Прочитај11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

КУЛТОТ КОН МАЈКАТА, МАЈКАТА БОЖЈА, ОД ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА ДО БОГОРОДИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

Колумна на Елизабета Чингарова Матевска Молитва Богородице Дево, радувај се благодатна Марије, Господ е со тебе, Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, Зашто си го родила Спасителот на душите наши, Богородице Дево, радувај се благодатна, Зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји, Радувај се оти го роди, Радувај се, оти мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот, Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни, Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш, Радувај се, оти блиску си до пресвета Троица, Радувај се, Благодатна Марије, Господ е со…

ПрочитајКУЛТОТ КОН МАЈКАТА, МАЈКАТА БОЖЈА, ОД ГОЛЕМАТА МАЈКА БОГИНКА ДО БОГОРОДИЦА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

Родина Македонија ги објавува Македонските Црвени Линии со изворна Македонска Платформа 2020 околу која ќе се собере чистиот, некорумпиран и непоткуплив Македонски суверенизам и со која или со пенкало со политичка револуција на избори или од улица ќе ги урнеме предавниците и ќе ја вратиме Македонија на Македонците! Родина Македонија со ширењето на терен преку се побројни и помасовни општински комитети и собирање на врвен квалитет во 26те комисии и детална разработка на суверенистичката победничка визија со програмата Вистинскиот Македонски Пат, станува единствената организирана сила која ќе ја води борбата, и тоа токму онаму каде што корумпираните елити и нивни политички инсталации и контролирани опозиции одбиваат да ја водат: Борбата меѓу суверенизмот на слободољубивите народи на светот и глобалофашистичкото зло кое сака да ги избрише државите и границите…

ПрочитајМакедонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

ВЛАДЕЕЊЕ СО КОНСЕНЗУС, ТИРАНИЈА НА МАЛЦИНСТВОТО ВРЗ МНОЗИНСТВОТО, АПАРТХЕЈД

Родина Македонија, е згрозена од фарсата, наречена формирање нова власт во северната не‘постојбина. Сведоци сме на задкулисните игри на Калето, притисоците и уцените во кои се инсистира на превземање на надвладување на голем број на министерски места, јавни установи, државни ресурси на моќта од страна на дуи. Почесто се промовира (на некој начин и е заживеана) од почеток тивко, но сега отворено се инсистира на тн консензуална демоНкратија, односно владење.Ако некој се запраша што е тоа консензуална демократија, одговорот би бил, консензусот е групна одлука за која некои од членовите што ја донеле можат да сметаат дека не е најдобра, но со која сите можат да живеат, да ја поддржат и да се обврзат дека нема да ја поткопуваат.Но нагласуваме, за жал, се наоѓаме во постсостојба кога ние…

ПрочитајВЛАДЕЕЊЕ СО КОНСЕНЗУС, ТИРАНИЈА НА МАЛЦИНСТВОТО ВРЗ МНОЗИНСТВОТО, АПАРТХЕЈД

НАГРАДА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА распишува НАГРАДА за ТОЈ кој ќе најде објава за Родина Македонија во националните медиуми, јавниот сервис, весниците, од 1-от ден од најавата за инцијативата Родина Македонија (13 јануари 2019), целиот процес на регистрација (од 23.12.2019), до денеска како политичка партија! Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“ http://rodina.org.mk/pristapnica/

ПрочитајНАГРАДА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ДО БРАТСКИОТ БЕЛОРУСКИ НАРОД!

Хибридната војна која во моментов се одвива во вашата прекрасна земја Белорусија е војна која ќе одлучи дали ќе бидете ДРЖАВА НА БЕЛОРУСКИОТ НАРОД или ЗАПАДНА КОЛОНИЈА. Ние како македонски народ поминавме низ истите премрежја, каде во идентичен напад на инженерите за хибридна војна, односно агентите на западните служби, кои заедно со НВО обучени активисти за државен удар и терористички организации, го урнаа уставниот поредок на Република Македонија и кренаа западен неолиберален монструм, кој носи име „Северна“. Денеска, нашата држава Република Македонија е претворенa во колонија од најдолна класа, каде „западната меѓународна“ заедница аминува изборни фалсификати, нелегитимни избори на клучни луѓе во државата, анти уставни дејствија, криминали во милиони евра. Нашата земја секојдневно се колонизира педа по педа, со анти хуманата идеологија на западните неолиберални елити. Вашиот Претседател…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ДО БРАТСКИОТ БЕЛОРУСКИ НАРОД!

ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА НАДОАЃАЧКАТА ЕКОНОМСКА АПОКАЛИПСА НА КОРУМПИРАНИТЕ ДОНЕСЕ УШТЕ МИЛИЈАРДА НОВ ДОЛГ!

Родина Македонија ја смета за намерна неодговорноста и некомпетентоста на корумпираните нелегитимни власти, кои со финансиското уривање на Македонија го одработуваат воведувањето на вечно финансиско ропство и раздавање на нашите заеднички блага и ресурси на глобалофашистите на барабан и за без пари! За Родина намерниот финансиски крах на хунтата ќе биде и ќе остане само нивен крах, на нивен грб и од нивни џеб а не на сметка на македонскиот народ и идните наши генерации! По нашата претходна објава за финансискиот извештај до месец Мај, продолжувањето на финансискиот криминал и наметнатиот економски колапс се потврдува и тоа со зголемен интензитет и во најново објавениот финансиски извештај до месец јуни 2020. Сите овие документи се официјални и објавени на сајтот на Министерство за Финансии. Ако ги согледаме бројките и…

ПрочитајЗА САМО ЕДНА ГОДИНА НАДОАЃАЧКАТА ЕКОНОМСКА АПОКАЛИПСА НА КОРУМПИРАНИТЕ ДОНЕСЕ УШТЕ МИЛИЈАРДА НОВ ДОЛГ!

МАКЕДОНИЈА НА ЖРТВЕНИКОТ ЗА ВЕЧНО ПОТКУСУРУВАЊЕ ВО ИМЕ НА (НЕ) МИРОТ НА БАЛКАНОТ И ПОШИРОКО

107 години од Букурешкиот договор, 10 август 1913г 19 години од Охридскиот рамковен договор 13 (10) август 2001г Пишува Елизабета Чингарова Матевска *НЕ СЛУЧАЈНО овакви црни настани, инсценирани во темните кулоари на заговорниците на најдолниот човечки род, тенденциозно се случиваат на ист датум. Симболиката на повторувањето на овакви грозоморни расчеречувања и бришења на еден народ, дефинирани на ист датум, дури и 100-тина години покасно, е со единствена цел, врежување на не афирмативното во колективната меморија со цел на дезорганизираност, пониженост, анксиозност, резингираност. По некоја не предвидена предходно не превземена активност вториот настан, официјално ‘касни‘ 3 дена, поради тобожното спротивставување на дел од потписниците и покажување на наводното нивно силно патриотско чувство. Но истите, под притисок на тешки дипломати, поради нивните не примерни криминални дејанија, си потпишаа ‘како попчиња‘,…

ПрочитајМАКЕДОНИЈА НА ЖРТВЕНИКОТ ЗА ВЕЧНО ПОТКУСУРУВАЊЕ ВО ИМЕ НА (НЕ) МИРОТ НА БАЛКАНОТ И ПОШИРОКО

РОДИНА МАКЕДОНИЈА УПАТУВА ЈАВНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БЛАГОЕВГРАД И ЦЕЛ ПИРИН ВО БОРБАТА ЗА СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРАВА, ЗАГАРАНТИРАНИ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ ЗАКОНИ И ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Продолжува негаторскиот однос и кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија од страна на бугарската влада, со бришењето од регистарот на „Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права“ од Благоевград поради Статут што сугерира постоење етнички групи. Срамно е, нецивилизациски, земја членка на ЕУ, членка на НАТО, во 21 век да не признава постоење на македонски и други етнички групи во својата земја. Македонскиот и бугарскиот народ треба да изградат мостови на соработка, како блиски и соседни народи, почитувајќи се еден со друг, а не играјќи туѓи игри на ширење на омраза и непријателство, кои се спротивни на нашите заеднички интереси за мир на Балканот.  Родина Македонија во своите програмски цели јасно има поставено цел да се залага за Балкан како регион на мирот,…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА УПАТУВА ЈАВНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БЛАГОЕВГРАД И ЦЕЛ ПИРИН ВО БОРБАТА ЗА СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРАВА, ЗАГАРАНТИРАНИ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ ЗАКОНИ И ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА